Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани и одликување во ставрофорско достоинство

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/petrovden//

На 12. 07. 2010 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле, во храмот Св. вмч Ѓорѓи во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија.

Пред светата литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во чтец теологот Димитар Арсовски од Кочани.

На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, по Негов предлог, а согласно Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, го одликуваше, протојерејот Атанас Пармачки – архиерејски намесник во кочанското намесништво, во ставрофорско достоинство и му додели граден крст.

По светата литургија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, Претседателот на Советот на Општина Кочани г. Анче Трифунов и многуројниот православен народ, со иконата на Светите Апостоли Петар и Павле, изврши литија од храмот Св. вмч. Ѓорѓи до Градскиот Плоштад во Кочани каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб и одржа пригодна беседа. По ова во зградата на Националната Јавна Установа за Култура Искра во Кочани се одржа свечена седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани и беа доделени благодарници на лица кои допринеле за афирмација на градот Кочани и селедуваше културно – уметничка програма по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани Свети Апостол Петар.