Вечерна и Духовна Академија во Кочани на Празникот и Заштитникот на на Градот Св. ап. Петар

image

По предлог на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, оваа година, Советот на Општина Кочани, Свети апостол Петар и офецијално го прогласи за Заштитник на Градот и беше изготвена посебна програма за одбележување на денот на градот.

На 11. 07. 2010 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството.

На вечерната богослижба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светите апостоли Петар и Павле и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово.

Во 18: 30 часот, во присуство на многуброен православен народ, се одржа духовна академија во НУЦК Бели Мугри во Кочани. На духовната академија настап имаше хорот при храмот Св. вмч Ѓорѓи во Кочани со пеење на тропарот на Светите апостоли Петар и Павле и други црковни песни помеѓу кои имаше цркони рецитали од житиетјата и книгите на Светите апостоли Петар и Павле. На духовната академија свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, кој и официјално го прогласи Светиот апостол Петар за Патрон и Заштитник на Градот Кочани, по што и Митрополитот Брегалнички г. Иларион имаше свое обраќање и се зблагодари на Градоначалникот и Советот на Општина Кочани за официјалното прогласување на Светиот апостол Петар за Заштитник на Градот Кочани бидејќи самиот православен народ од време го прославува Светиот апостол Петар за свој Патрон и Заштитник а токму оваа година со одлука на Градоначалникот и Советниците на Општина Кочани и официјално како што приликува се прогласи за Заштитник и Патрон на Кочани.