Војници од штипскиот гарнизон „Јане Сандански“ во Авганистан

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/arm//

На 09. 07. 2010 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, се одржа пригодна свеченост по повод упатувањето на контингент на војници од Првата механизирана пешадиска бригада во мировна мисија во Авганистан.

На свеченото испраќање присуствуваа и со пригодни поздрави се обратија Претседателот на Р. Македонија - г. Ѓорѓе Иванов, Министерот за одбрана г. Зоран Коњановски, Началникот на генералштабот на Р. Македонија – генерал Мирослав Стојановски, Заменик министер за одбрана г. Емил Димитриевски, бригадниот генерал Димче Петковски, Градоначалници во Брегалничката епархија и други јавни и приватни личности.

На свеченоста, по покана од бригадниот генерал, присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој ги благослови мировниците и им посака успешен престој.