Ракополагање во свештеномонашки чин во Лесново

image

На 04. 07. 2010 година, Шеста Недела по Педесетница, Св. мч. Јулијан Тарсиски, св. свешт-мч. Терентиј Икониски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин со братството и свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, отслужи света архиерејска литургија на која ероѓаконот Спиридон го ракоположи во свештеномонашки чин и одржа пригодна беседа за возвишеноста на свештеничкиот чин.