Ракополагање во ероѓаконски чин во Лесновската Обител

image

На 03. 07. 2010 година, Преп. Наум Охридски Чудотворец, св. свешт-мч. Методиј Патарски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин, свештеници од штипското архиерејско намесништво и свештеникот Климент Мишањ - Р. Италија, во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, отслужи света архиерејска литургија. Пред светата литургија Митрополитот г. Иларион, монахот Спиридон, го произведе во чтец и ипоѓаконски чин а на светата литургија го ракоположи во ероѓаконски чин. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.