Духовден 2 ден - Св. Кирил и Методиј во Радовиш

image

На 24. 05. 2010 година – Духоден 2 ден, св. Кирил и Методиј, македонски и сесловенски просветители, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на Св. Троица во Радовиш, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија.

На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен верен народ како и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, Советници од Општината Радовиш и Просветни работници.