Литургија и Свештеничко Епархиско Собрание во манастирот Св. Спиридон, метох на Лесновската обител

image

На 10. 05. 2010 година, Св. ап. Симеон брат Господов, епископ Ерусалимски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, во манастирот Св. Спиридон, метох на Лесновската обител, отслужи света архиерејска литургија.

По светата литургија во конаците при манастирот, во присутво на целиот клир од Брегалничката епархија, се одржа Свештеничко Епархиско Собрание, со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на кое  се разговараше за црковно – духовниот живот во епархијата според Догматското и Литургиското учење на Светата Соборна Апостолска Црква.

По завршувањето на Свештеничкото Епархиско Собрание, од рацете на сестриството при манастирот и браќата од Лесновскиот манастир, беше приготвена заедничка трпеза на љубовта.