Литургија во Делчево и одликување со ставрофорско достоинство

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/delcevo//

На 09. 05. 2010 година, Недела на Слепиот; Св. свешт – мч. Василиј епископ Амасиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево, отсужи света архиерејска литургија. На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, по Негов предлог, а согласно Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, го одликуваше, протојерејот Атанас Поповски – архиерејски намесник во делчевското намесништво, во ставрофорско достоинство и му додели граден крст.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион ја освети ново - изградената фонтана при  црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево и воедно го благослови ново - уредениот двор при истоимената црква и им додели Благодарници на г. Горан Малешевски, Градоначалник на Општина Делчево и г. Николчо Николовски, Директорот на ЈКП Брегалница во Делчево, за целосната неизмерна помош и ангажман за уредувањето на дворот при црквата во Делчево.

По ова Митрополитот г. Иларион присуствуваше на полагањето на цвеќе пред споменикот на загинатите Борци по повод 60 – години од ослободувањето од фашистите.

Истот ден во 12 часот, Митрополитот г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Делчево и Неговие блиски соработници, во црквата Св. цар Константин и царица Елена во с. Разловци, по повод 134 години од Разловечкото Востание, нарави Панихида за загинатите Борци и присуствуваше на културно – уметничника програма.

По ова Митрополитот г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина Делчево и Директорот на ЈКП Брегалница, ја посети црквата Св. Кирил и Методиј во Делчево, која е во градба, и даде напатсвија за отпочнување со градежни работи на помалата црква посветена на Св. Наум која е изградена карабина.

Исто така во 17 часот, Митрополитот г. Иларион, заедно со Градоначалникот на Општина М. Каменица г. Дарко Митевски и парохиските свештеници, ја посети црквата Успение на Пресвета Богородица во М. Каменица и отпочната градба на нова камбанарија при истоимената црква и даде свои напатствија.