Ѓурѓовден во Кочани и освет на камбанарија во с. Вртешка – Плачковица

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/kocani//

На 06. 05. 2010 година, Св. вмч. Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во храмот кој е посветен на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, отсужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодна беседа и го благослови и пресече парзничниот леб.

Истиот ден во 12 часот, Митрополитот г. Иларион, во единството Православно село во Плачковичкиот предел – с. Вртешка, кое се наоѓа во штипскиот атар на планината Плачковица, при храмот Св. вмч. Георгиј, ја освети ново – изградената камбанарија со звоно која е донација од Модната конфекција Беас – Астибо од Штип и од членовите на Планинарското Друштво од Штип.