Литургија во Пробиштип и камен – темелник за изградба на параклис во с. Сарчиево - Штип

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/probistip//

На 25. 04. 2010 година, Недела на Раслабениот, Св. Власиј Испов. еп. Паријски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир и свештеници од Пробиштип и Злетово, во црквата Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип, отслужи света архиерејка литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

Истиот ден во 13 часот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион освети и постави камен – темелник за изградба на параклис посветен на Св. Петка во с. Сарчиево – Штип, чиј ктитор е бизнисменот г. Стојан Давчев со семејството.

Вечерта во 19 часот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата Св. Троица во Радовиш, ја изврши Светата Тајна брак над младенците Ангел и Верче Стојанови од с. Подареш – Радовиш.