На Источен Петок – Балаклија во Марена, метох на Лесновскиот манастир

image

На Источен Петок – Балаклија во Марена, метох на Лесновскиот манастир

На 24. 04. 2020 година, во манастирот посветен на Животворниот Извор на Пресвета Богородица - Источен Петок – Балаклија, во месноста Марена – Злетово, метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на отец Исак од Лесновскиот манастир и отец Спиридон од Свети Николе, отслужи света воскресенска архиерејска литургија.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб./span>