Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во Радовиш

image

Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во Радовиш

На 09. 01. 20120 година, на празникот на Св. архиѓаконот и првомаченикот Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Св. пр. Илија“ во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец богословот Мартин Шапков од Радовиш.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе содражајна и поучна беседа. На Светата Литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Герасим Конзулов, како и други јавни личности./span>