Литургија и производство на протоереј во Кочани, на Соборот на Пресвета Богородица

image

Литургија и производство на протоереј во Кочани, на Соборот на Пресвета Богородица

На 08. 01. 2020 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија. На светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го произведе во чин протоереј, свештеникот Гоце Ефтимов од Кочани.

На Светата Литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев, како и други јавни личности. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, на верниците им го честита Големиот Празник – Божик со поздравот Мир Божји – Христос се Роди!/span>