Литургија и производство на протоереј во Пробиштип

image

Литургија и производство на протоереј во Пробиштип

На 22. 12. 2019 година, Недела 27 – ма по Педесетница, Зачнување на Света Ана, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво, во параклисот „Св. Климент Охридски“ при храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип, отслужи Света Архиерејска Литургија и одража пригодно слово.

На светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го произведе во чин протоереј, свештеникот Емил Михајлов, старешина на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип. /span>