Осветување на црква во с. Габрово - Делчево

image

Осветување на црква во с. Габрово - Делчево

На 04. 08. 2019 година, 7 – ма Недела по Педесетница, преп. Марија Магдалина, свешт – мч Фока, преп. Корнилиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 150 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител и рамноапостол, свети Кирил Солунски и 60 години од хиротонијата на блаженоупокоениот епископ Злетовско – струмички Наум – член на првиот Синод на возобновената Охридската архиепископија во лицето на МПЦ и 1 000 години Радовиш, ја освети новоизградената црква посветена на „Св. вмч. Димитриј“ во с. Габрово – Делчево, и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Храмот е изграден со средства од месното население. За оваа големо Нивно залагање, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници и на сите помагатели и дарители им се заблагодари за несебичната помош на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер./span>