Чествување на Светитот апостол Павле, Заштитник и Патрон на Виница

image

Чествување на Светитот апостол Павле, Заштитник и Патрон на Виница

На 13. 07. 2019 година на празникот на Собор на 12 – те Апостоли - Павловден, во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Виница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија. По светата литургија, Митрополитите г. Пимен и г. Иларион, заедно со свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Виница г. Ивица Димитров и многубројниот православен народ,

со иконата на Светиот апостол Павле, извршија литија од храмот „Св. Архангел Михаил“ до Градскиот Плоштад во Виница, односно до параклисот посветен на „Св. ап. Павле“, каде го благослови и пресече празничниот леб. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Општинската зграда, во салата за состаноци, присуствуваше на свечената седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Виница./span>