Педесетница и ракополагање на ѓакон во Штип

image

Педесетница и ракополагање на ѓакон во Штип

На 16. 06. 2019 година, на празникот Педесетница – роденденот на Светата Црква (Свегување на Св. Дух - Духовден), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архиерејска литургија во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во ипоѓакон завршениот теолог чтец Серафим Алексовски од Свети Николе, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин.

По светата литургија беше отслужена вечерната богослужба, по што Митрополитот г. Иларион произнесе празнична пригодна беседа./span>