Чествување на Св. Гаврил Епископ Велички Светогорец во Лесновската обител

image

Чествување на Св. Гаврил Епископ Велички Светогорец во Лесновската обител

На 28. 05. 2019 година, на денот на канонизацијата на Св. Гаврил Епископ Велички Светогорец, св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики, Неговото Блаженство, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот, Игуменот Агатон и свештеници од МПЦ - ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија.

Содражајна и поучна беседа одража Неговото Блаженство г. г. Стефан, по што го освети новиот фрескоживопис во припратата на манастирот и го благослови празничниот леб./span>