На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

image

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

На 24. 05. 2019 година, „Св. Кирил и Методиј“, македонски и словенски просветители, Патрони и Зштитници на Градот Делчево. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во парклисот осветен пред шест години, посветен на „Св. Наум Охридски“ при црквата во изградба посветена на „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа. По светата литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите, Градоначалникот на Општина Делчево г. Горан Трајковски и многубројниот православен народ, со иконата на „Светите браќа Кирил и Методиј“ извршија литија од храмот до параклисот посветен на „Св. Климент Охридски“ во дворот на средното училиште ММ Брицо во Делчево каде е изграден и осветен пред четири година овој параклис,

во спомен на срушена црквата, во месец Септември 1961 година од тогашната власт, кој била посвететна на „Светите браќа Кирил и Методиј“. При параклисот Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. По ова во Спомен Дом „АСНОМ“ во Делчево се одража научна трибина „1 150 години од смртта на Св. Кирил“ на која свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Делчево г. Горан Трајковски кој на Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му додели плакета за предлогот „Св. браќа Кирил и Методиј“ да се прославувааат како Патрон и Заштитници на Градот Делчево. Митрополитот г. Иларион одража содржајна беседа и се заблагодари на Градоначалникот и на Советот на Општината за оваа награда. На трибината свое предавање имаа проф. д – р Александар Атанасовски, редовен професор на Институтот за историја, проф. д – р Снежана Филипова, редовен професор на Институтот за историја на уметноста и археологија, проф. д – р Снежана Веновска – Антевска, редовен професор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.