Освет на камен темелник за изградба на црква посветена на „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с. Рудари, злетовско – Општина Пробиштип

image

Освет на камен темелник за изградба на црква посветена на „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с. Рудари, злетовско – Општина Пробиштип

На 10. 03. 2019 година, Прочка (Недела сиропусна; св. Терасиј Цариградски, преп. Пафнутиј), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на парохискиот свештеник и еромонахот Исак од Лесновскиот манастир, а во присуство на голем број православен народ, помеѓу кои и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Драган Атанасов, освети и постави камен темелник за изградба на црква посветена на „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с. Рудари, злетовско – Општина Пробиштип.

Изградбата на црквата претставува посебен прилог во одбележувањето во годината кога МПЦ – ОА одбележува 1 150 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител и рамноапостол, свети Кирил Солунски и 60 години од хиротонијата на блаженоупокоениот епископ Злетовско – струмички Наум – член на првиот Синод на возобновената Охридската архиепископија во лицето на МПЦ.