Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани

image

Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани

На 12. 07. 2019 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле - Петровден, во храмот „Св. вмч Георгиј“ во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија, го благослови и пресече празничниот леб и одража пригодна беседа. Истиот ден, по покана од Општина Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион,

присуствуваше на свеченото пуштање на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани, која беше пуштена од Премиерот на РМ г. Зоран Заев, а во присуство на Министри при Владата на РМ, преставници од Швајцарската конфедерација, Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев, како и други јавни личности./span>